
17
фев
2023
Ќофте во сос
1. Кромидот ,лукот и јајцето се блендираат да дојде една хомогена смеса. Потоа во него се додава меленото месо и сите други состојки и се прават округли кофтиња.
2. Така приготвените кофтиња се оставаат да одморат додека го приготвуваме сосот.
3. На масло се ставаат 2 лажици брашно и се запржува ,па се додава доматното пире водата и зачините. И кога ке зоврие се додаваат веке приготвените кофтиња(не се претходно запржуваат).Ова се вари 45мин со повремено промешување. Се сервира со пире,шпагети или така без ништо.Превкусно!
Лиценца: Сите права се задржани