
21
окт
2015
Њоко фрито
Едноставен рецепт кој често се прави овде во Италија, а се служи со разни видови чајни салами, но мене одлично ми одат и со сирење, кашкавал, јогурт...
Во сад ставете го брашното.
Додајте го квасецот, растопената свинска маст, шеќерот и солта.
Со постепено додавање на млака вода замесете средно меко нелепливо тесто.
Тестото треба убаво да го умесите.
Оставете да стаса најмалку 40 минути.
Стасаното тесто расукајте го во кора и исечете ја во форма на ромбови.
Пржете ги во голема количина загреано масло.
Се служат топли како што кажав со чајни салами или секако може по сопстевена желба.
Лиценца: Сите права се задржани