Испечати

Њоко фрито

Њоко фрито

Состојки

  • 200гр. брашно
  • 20гр. свинска маст
  • 1/8 свеж квасец
  • 1/4 лажичка шеќер
  • прстофат сол
  • по потреба млака вода (околу 80мл)

Подготовка

Едноставен рецепт кој често се прави овде во Италија, а се служи со разни видови чајни салами, но мене одлично ми одат и со сирење, кашкавал, јогурт...

Во сад ставете го брашното.
Додајте го квасецот, растопената свинска маст, шеќерот и солта.
Со постепено додавање на млака вода замесете средно меко нелепливо тесто.
Тестото треба убаво да го умесите.
Оставете да стаса најмалку 40 минути.

Стасаното тесто расукајте го во кора и исечете ја во форма на ромбови.
Пржете ги во голема количина загреано масло.

Се служат топли како што кажав со чајни салами или секако може по сопстевена желба.