Јужноиндиско вегетаријанско кари со карфиол
Лудило од состојки, невообичаено за во наше поднебје, но јас скептикот, штом го видов морав да го пробам. И покрај желбата и скептичноста кога го пробав, ќе се повторам - лу - ди - ло! Како не сум по лутото направив една камуфлажа, ставив блага пиперка, иначе не би го вкусила. Пред да го правам, имаше комшиска дојава да се дојде и да се дегустира чудово. Беа фасцинирани, иако предвреме кажав какви состојки има. Кој ќе се осмели да го проба, верувам ќе се изненади.
Лушпите од банана на ваквите јадења даваат некој осет како јадењето да не е веге, ами како со месо да е. Издробете ги само поситно за разлика од мене. Тоа би била мојата забелешка.
1. Се обарува карфиолот во посолена вода и се остава исцеден на страна.
2. Лушпита од банана се попарува со жешка вода во која се додава солта и карито и се остава така додека водата потполно не излади. Се вади и се сечка (исечкајте ги поситно отколку ова).
3. Кромидот, лукот, ѓумбирот, пиперката и коријандерот испасирајте ги со рачен пасатор. Јас купив нов и не ми збрка работа, па му влегов со толчникот.
4. Оваа пасирана маса се пржи на маслиново масло додека не почне да се соединува како паста.
Потоа му се додава пирето од домати и се попржува, па се налева кокосовото млеко.
5. Откако ќе зоврие кокосовото млеко се додаваат сечканите лушпи од бананата и се вари околу 5 минути.
6. На крај се додава карфиолот уште 2 минути и е готово.
Во меѓувреме можете да посолите или на сам крај откако ќе пробате.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Дури и малку сложено ми изгледа за готвење, јас сум за онака побрзи и со помалку состојки јадења , ама би пробала од ова секако :)