Дали знаете дека најголем дел од индиската храна е всушност вегетаријанска? Особено во Јужна Индија се јадат само вегетаријански оброци и комбинациите и вкусовите кои можете да ги истражувате се навистина неверојатни! Еве еден здрав оброк со наут и кари кој е многу лесен за подготовка благодарение на Делимано Експрес лонецот.

Подготовка

Чекор 1: Ќе го забрзаме процесот на подготовка на ова јадење со тоа што наутот ќе го вариме во Eкспрес лонецот. Доволни ќе бидат 20 минути за да биде мек како да сте го готвеле 1-2 часа во обично тенџере. Солта и лукот го збогатуваат вкусот.

Чекор 2: Лукот ситно исечкајте го. Потоа излупете ја тиквата и исечкајте ја на коцки. Додадете го и кромидот исечкан на ленти.

Чекор 3: Тиквата зачинете ја со сол, бибер и маслиново масло и печете ја во рерна 20 минути на 160 степени.

Чекор 4: Во меѓувреме, во маслиновото масло пропржете ги лукот и кромидот заедно со зачините додека да омекнат и да се ослободи вкусот и мирисот од зачините.

Извадете ја тиквата од рерна и заедно со спанаќот додадете ги во смесата од лук и кромид. Пропржете ги заедно за да се спојат вкусовите.

По 5 минути додадете ги и исечканите домати и наутот и оставете ги да се динстаат уште 10 минути.

Чекор 5: Послужете со басмати ориз и имате одличен, автентичен индиски оброк.

СОВЕТ: Пробајте со ова јадење како гарнир да послужите и лепчиња со кисела павлака – прилагодете ги зачините по ваша желба. Зачините кои ние ги употребивме го збогатуваат вкусот, но доколку сакате нешто луто, тогаш додадете и свежи чили пиперчиња.