Јоркшир пудинг
Во сад за матење ставете ги јајцата и солта.
Откако ќе ги изматите јајцата додајте го млекото и матете уште малку.
На крај додајте го брашното и мешајте со жица..
Садот покријте го со најлонска фолија и оставете да стои 30 минути на собна температура.
Во меѓувреме загрејте ја рерната на 230 степени.
За спремање на овој рецепт ќе ви треба калап за мафини.
Во секоја празнина од калапот ставете по 1,5 лажица масло.
Ставете го калапот во загреаната рерна и оставете маслото да се загрее.
Откако тестото ќе отстои додајте ја водата и промешајте.
Извадете го калапот од рерна и веднаш во секоја празнина нанесете од смесата.
Полнете ги до половина.
Ставете да се пече на 230 степени, 20 минути, односно додека добијат убава кафеава боја.
Од оваа смеса излегуваат 16 парчиња.
Лиценца: Сите права се задржани