Јогурт пита
Брзинските пити од секогаш ги сакам, зошто за половина час имаш топол доручек и кујна што мириса на убаво утро. Пред некој ден земав готови кори да се најдат и кога го отворив паковањето само 2-3 од нив беа цели. Останатите беа речиси целосно раздробени. Па еве една идеја како да ги искористите ако случајно или намерно ви се случило нешто слично.
1. Разматете ги двете јајца во подлабок сад. Додајте го јогуртот, маслото и пецивото и промешајте.
2. Тавата за печење премачкајте ја со малку путер, за питата да е уште покрцкава. Земете парченца од раскршените кори и покријте го дното на тавата. Ставете 3-4 големи лажици од преливот и размачкајте со четче.
3. Спанаќот искинете го на поситни парченца и обарете го. Промешајте го со урдата ( или бело дробено сирење), додадете и едно јајце да ја сврзе смесата и филот е готов.
4. Ставете дел од филот врз првиот ред кори и повторувајте ја постапката додека да ги потрошите сите. На крај премачкајте ја питата со преостанатиот прелив и наросете сусам. Печете на 180 степени 25-30 мин, додека убаво не зарумени. Ако не ви се допаѓа фил со спанаќ слободно менувајте си по свој вкус.
На дрзвје нека ви е
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Само колку да знаете, превкусна ееее !!!