Со оваа чорба пораснавме. Кај нас се вика Јајца на вода, а може да се сретне и како Ајпрен чорба или супа, Прежгана.. зависно од регијата, значи ќе испадне била интернационална,
Подготовка
- Ставете во касеролата да се загрее зејтинот, додадете брашното и пржете го. Кога е испржено тргнете настрана и додадете црвениот пипер, топла вода онолку колку што сакате да биде густа чорбата.
- Вратете на оган да се вари и зачинете ја.
- Со вилушка изматете го јајцето.
- Намалете температурата на ригнлата, па со вилушката или нешто друго прикладно полека истурајте од јајцето во чорбата која полека врие. При секое истурање бркајте. Треба да биде на тенки конци. Уште кратко време врие за да се свари јајцето, тргнете и чорбата е готова. Додадете сецкано лукче и сервирајте.

Забелешка
- Најчесто со помош на вилушката го истурам разматеното јајце.
- Кој сака (како ние денес што направивме) може да додаде и по едно цело јајце кое ќе го внимателно скршите и ставите во чорбата. Нека се свари (да се забули-така велиме ние)околу 5 мин. и готово е. Колку јајца ќе ставите тоа зависи од порциите. Значи на секоја порција по едно јајце и нормално штом е за повеќе порции тогаш ја зголемувам количината на состојките.
- Во водата можете да додадете говедска или кокошкина коцка-како сакате.
Оваа чорба брзо се спрема, штом кажав дека пораснавме со неа значи е стабилизација рецепт. Немаше тогаш по цело јајце да се стави, само сматено и налиено во чорбата што всушност е и правиот рецепт - Јајца на вода.. само сматено јајцето во неа,

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани