Подготовка:

1. Белките со шеќерот се матат во цврст крем. Се намалува миксерот на најслабо и се мешаат брашното и пецивото.

2. Смесата се излива во намрсена и набрашнета тава за печење (користев 20х30) и се печи околу 20ина минути на 180С.

3. Печената кора ја преливате со ладното млеко.

4. Во тенџере на рингла се ставаат јаготките со шеќерот и се варат додека се стопи шеќерот и јаготките пуштат сок. Потоа се пасираат со алатка. Пасирањето можи да го направите и во старт доколку користите свежи јаготки. Штом зоврие му се додаваат пудинзите, претходно растворени во вода спрема упатството, па се меша додека стани крем. Брзо згуснува, бидете спремни веднаш.

5. Филот го распоредуваме врз кората и веднаш го спремаме ванила филот.
За него во подлабок сад ги матиме жолчките со 1-2 лажици од шеќерот, па го додаваме густинот и 100 мл од млекото. Остатокот од млеко и шеќер ги ставаме во тенџере на рингла до загревање пред вриење, па им ја додаваме спремената мешавина и вариме густ крем.

6. Откако кремот ќе излади, го мешаме со путерот претходно измиксиран со шеќерот во прав и ванилата.Овој фил го мачкаме врз овошниот.

7. Сечкаме свежи јаготки на плочки и редиме врз филот, додека го чекаме преливот малку да подизлади (минутка-две), претходно спремен спрема упатството со додаден ванилин шеќер. Со преливот потураме врз наредените јаготки и оставаме да се здрви.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови