Јаболко Амарето колач
Започнуваме со подготовка на првото тесто. Најпрво јајцата ги биеме со шеќерот, ванилите и путерот. Потоа го додаваме брашното, пецивото и ликерот и биеме се додека не добиеме изедначена смеса. Тестото го истураме во тркалезен калап обложен со хартија и над тестото ги редиме јаболката сечени на парчиња и над нив ги редиме бадемите. Започнуваме со припрема на второто тесто. Белките ги биеме заедно со шеќерот во прав се додека не добиеме цврста смеса. Ги додаваме ликерот и циметот и смесата ја истураме над јаболката. Колачот го покриваме со фолија и печиме на 180 степени околу 40 минути,а потоа ја вадиме фолијата и допекуваме уште 15 минути.Печениот колач го оставаме убаво да се излади го ставаме на тацна го филоваме со шлагот и ванилите и посипуваме малку цимет.Ако немате амарето слободно заменете го со рум.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови