Амарето-марципан колач со јаболка
1. Измијте ги јаболката. Пресечете ги на 4 и извадете ги семките. Секоја ¼ исечете ја на уште 3. Ставете ги во еден сад и потурете ги со сокот од лимон.
2. Изматете го путерот со шеќерот и ванилата. Додадавајте едно по едно јајце матејќи, па потоа циметот, солта и амарето екстрактот. По оригиналниот рецепт, се додава амарето ликер 70 мл, но јас немав, течноста ја надополнив со млеко и додадов екстракт. Марципанот ако е потврд изрендајте го или ако е мек искршете го на ситни парченца. Матете да се соедини. Додадете го млекото матејќи, а на крај брашното и пецивото.
3. Намрсете и набрашнете тава бр 26. Истурете ја смесата за марципан колачот. Наредете ги јаболката одозгора. Не притискајте ги многу како мене ќе имате поубав визуелен ефект. Поросете со бадем ливчиња или ако немате со сечкани бадеми, а мал дел може и мелени. Ако ви останал марципан, издробете го и него одозгора.
4. Печете на 170С еден час. Кај мене е силна рерната, па јас од старт го покрив до 15 мин пред крајот.
Печениот колач оставете да подолади, па извадете го на решетка да се долади.
Оладен попрскајте го со шеќер во прав, а може да го послужите со кафе и шлаг.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Mozelo da go stavis vo temata. Italijancive pravat vakvi torti.