Во поголема количина солена зовриена вода ставете ги шпагетите да се варат.
Брокулата ставете ја да се обари (5-7 минути), а потоа префрлете ја во блендер.
Додајте малку од водата во која е варена брокулата и изблендирајте.
Додајте ги магдоносот, рикотата, инчуните и путерот, посолете и наросете бибер и уште еднаш кратко изблендирајте.
Во тава на оган ставете 2 лажици маслиново масло и додајте ги сварените шпагети.
Додајте го сосот и по потреба додавајте од водата во која се вареле шпагетите за да не ви бидат лепливи.
Убаво измешајте.
Во друга тава ставете 1 лажица маслиново масло, лебните трошки и оставете ги да се запржат.
Откако ќе добијат убава кафеава боја тргнете ги и измешајте ги со сецканиот магдонос.
Шпагетите послужете ги топли со посипување од тостираните лебни трошки.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани