Шницли од тиквички, грашок и сирење
Ситно исецкајте го младот кормид и пропржете го половина минута пред да ги додадете ренданите тиквички. Пржете додека испари течноста, па додадете го грашокот од конзерва и пржете уште кратко време додека се спојат состојките. Доколку користите неконзервиран грашок, тогаш ставете го заедно со тиквичките да изврие во водата која ќе ја испуштат или предходно подварете го. Трнете на стана да се лади.
Во подлабок сад, ставете ги оладените тиквички, изренданото сирење, зачините и на крај поврзете со изматените јајца.
Доколку сакате да правите подебели шницли можеби ќе нема потреба од додавање на неколку лажици млеко, но доколку сакате да ги правите потекни, како овие, тогаш додадете и млеко (секако тоа ќе го отцените спрема густината на смесата која сте ја приготвиле)
Ако се одлучите за дебелина на американски палачинки, пржете ги во загреано масло по 3 минути од секоја страна на умерена температура, а доколку се одлучите за потекни, тогаш можи и да експериментирате, т.е. да избирате дали ќе ги пржите со многу малку масло или пак повеќе и секако со пократко време на пржење.
Пржените шницли, одложете ги врз хартиена салвета за да се впие вишокот на маснотија и служете ги топли (иако и ладни се одлични) со сос од јогурт и краставица, некое топено сирење или слични млечни продукти по желба или пак едноставно и така без ништо се одлични.
Битната работа, барем за мене, е тоа што овие прженици не се мрсни при јадење, одлични се на вкус дури и за скептиците, иако визуелно не се баш најпривлечни (па баш нив треба да ги убедиш да пробаат за потоа да се сложат)
Лиценца: Сите права се задржани