Шницли на мој начин
Се почастивме со прекрасно спремано свинско месо.
Во грил тава на оган го запржив ситно сецканото лукче и ставив свежо гранче рузмарин.
Свежите шницли ги редиме врз лукчето и оставаме на тивко да се пржат.
Ги вртиме од двете страни да се запржи.
Кога се сите 4 парчиња готови ги вадиме од тавата и ги редиме во друга тава каде ќе ги печеме. Додаваме 1 ловор лист, а во тавата каде пржевме го додаваме виното.
Размешуваме и течноста ја враќаме во тавата кај месото.
Покриваме со алуфолија и оставаме да се пече.
После 20 минути, ја тргаме фолијата да испари алкохолот и да си добие мевцето преубава боја.
Не го сушете многу со премногу печење.
Кревкото месо ќе ве воодушеви.
Сервирав со печен компир со лушпа, кој го испеков во алуфолија, попрскан со зачини и масло. Нека ви е на здравје
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови