Шери баклава
Подготовката е лесна и е на следниов начин....
1. Прво го спремаме филот, така што чоколадото, бисквитите и оревот се мелат на машинче за мелење бисвити, се додава гризот и ванилата и се мешаат во длабок сад.
2. Секоја кора се попрскува со масло, се предиплува преку половина, се наросува со филот (2-3 лажици), се витка ролатче, се пресекува на половина и секој дел се витка во полжавче. Се реди во намрсен плех, едно до друго.
3. Пред печење се полева со растопениот маргарин. На секое полжавче се сипува со лажица. Ако се додаде и кисела вода, задолжително да отстои 10 мин., убаво да примат корите од течноста.
4. Се пече во загреана рерна, времетраењето е 40-45 мин. на т. од 180 Ц. степени.
Се печи и се остава да се излади.
5. Водата и шеќерот се ставаат да зовријат и се вари шербетот уште 15мин. на умерен оган. При крајот се додаваат ванилите и лимоновиот сок. Се трга од оган, да излади некое време и со топлиот шербет се полеваат изладените полжавчиња.
Се оставаат убаво да впијат од шербетот ( до потполно изладуванње, најдобро е преку ноќ). За поубаво да впијат од шербетот ги превртуваме по неколку пати, со лицето, па опачината, така да отстојат во шербетот по извесно време.
Потоа им се става по една вишна од слатко, убаво исцедена.
На здравје!!!
Лиценца: Сите права се задржани