Шатка со јаболки
1. Маринада. Истолчениот лук го промешуваме заедно со сите состојки за маринадата.
2. Исчистената шатка убаво ја миеме и ја цедиме од водата, потоа ја промачкуваме со маринадата и ја оставаме да отстои во фрижидер неколку часа.
3. После шатката ја полниме со излупени и исечкани јаболка и ја полеваме со останатата маринада и ја печеме на 200 степени околу 15-20 минути, потоа на 180 степени околу 1,5 - 2 часа. Печењето зависи од големината на шатката.
4. Во текот на печењето на секои 20 минути ја вадиме шатката, ја полеваме со маринадата и ја превртуваме на другата страна. Постапката се повторува до крајот на печењето.
После пола час печење пожелно е шатката да се покрие со фолија.
Исто така препорачувам шатката да отстои во фрижидер една ноќ.
Послужете се заедно со варени или пржени компири.
Лиценца: Сите права се задржани
На здравје ручекот. Дали Кирил јадеше од шатката ? :)