Шарени слатки кифли со афион
Во мал сад го ставаме квасецот со две лажици шекер, 50 мл млеко и две лажици брашно. Го раствараме квасецот и го ставаме на топло место да нарасне.
Во друг сад го додаваме преостанатото млеко во кое сме го растопиле маргаринот. Ги додаваме јајцата и преостанатиот шеќер и надојдениот квасец мешаме се заедно, додаваме брашно и месиме тесто. Тестото треба да биде меко, малку лепливо за раце.
Тестото го делиме на два дела. Во едниот дел додаваме 3 лаж какао. Месиме тестото да се соедини со какаото. Најдобро тестото да го оделите додека е помеко за кога да го додадете какаото да излезе малку меко.
Го ставаме во две оделни сада да стаса тестото еден час.
За тоа време го подготвуваме филот.
Од јајцето посебно ги делиме белката и жолчката. Белката ја матиме и постепено додаваме три лажици шеќер, матиме во цврст снег и во него ги додаваме мелените ореви, какаото и афионот. Мешаме да се соедини филот.
Стасаните теста ги размесуваме и делиме по два дела. Прво земаме еден бел дел го расукуваме во круг. Потоа го премачкуваме со половина од филот, На работна маса го расукуваме и кафениот дел и го додаваме врз филот. Тестото преку средина го сечеме хоризонтално и вертикално да добиеме четири дела потоа секој дел уште на три дела или два зависно колку ги сакате големи кифлите.
Се зема парче и се замотува во кифла. Постапката се повторува и со другиот дел. Ги редиме кифлите во плек обложен со хартија оставаме малку да нараснат и печеме во претходна загреена релна на 200 сепени околу 20 минути.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови