Подготовка

1. Водата, шеќерот, солта и путерот се ставаат на средна кон појака температура да зовријат, при што со повремено мешање гледаме состојките да се стопат.

2. Само што ќе зоврие водата се трга од оган и се додава брашното, па се враќа на исклучена жешка рингла и се меша околу 2 минути.

3. Се трга и се остава да излади, па се додаваат јајцата и се миксира смесата до мазна структура.

4. Тестото се става во шприц (или оној за тулумби со потесниот наставок. Се истиснуваат со најмалку 1 прст должина и се пржат во среднозагреано масло.

5. Пржениот чурос веднаш, уште топол обилно се валка во шеќер измешан со цимет или во таков готов купен во ќесичка.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови