Едноставна вкусна чорбичка.
Подготовка
1. На почеток ги замесуваме месните топчиња, кромидот ситно го сечкаме го додаваме во месото. Јајцето исто така го додаваме во месото заедно со магданосот, црвен пипер, биберот, мешаниот зачин и презлата. Убаво месиме и до ставаме во фрижидер два часа.
2. Во меѓувреме на спанаќот му ги одстрануваме дршките добро го миеме и дробиме. Вака спремениот спанаќ го сечеме поситно и го динстаме десетина минути ја фрламе водата. Кромидот, морковот и лукот ги сечкаме во блендер, компирите ги лупиме и ги сецкаме на коцки. Ставаме малку зејтин во тава и го пропржуваме прво спанаќот. По неколку минути ги додаваме кромидот и морковот повторно пропржуваме и на крај го додаваме компирот. Целата смеса ја ставаме во тенџере сипуваме околу литар и половина вода и оставаме да врие на тивко.
3. Во тава за пржење загреваме масло и месните топчиња ги пржиме на тивок огин. Откако ги спрживме ги додаваме во чорбата да се динстаат уште четириесет и пет минути.
4. Брашното го пропржувам без зејтин неколку минути, потоа додавам две-три лажици зејтин и на крај црвен пипер, тргам на страна и запршката ја ставам во чорбата. Доколку ви е ретка може да испасирате неколку компирчиња да добиете на густина.
5. На крај додадете мешан зачин и магданос.

Забелешка
Доколку сакате додадете буковец малку оригано или нешто по ваш вкус
Добар апетит!!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани