На загреано масло се пропржува морковот, па се додават целерот и пашканатот.
Се налива вода, се додава коцка за супа или само зачин, бибер, сол, тестенините и се остава да вари околу 15 минути.
Се додаваат листовите целер и пред крај се додаваат цветовите брокула.
Се варат само 1-2 минути како не би ја смениле убавата зелена боја и не би го изгубиле хранливото својство.
На страна во тајнир се соединуваат сокот од лимон, јајцето, јогуртот и киселото млеко.
Убаво се промешуваат со вилушка.
Со црпалка за супа од тенџерето внимателно се тура 1-2 црпалки во тајнирот, се промешува и внимателно со постојано мешање се се истура во тенџерето, како јајцето не би се подварило.
Се сервира.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани