Чоколадни јајце тортички
Едноставни, вкусни тортички без јајца, а со таков облик, кои брзо и едноставно се подготвуваат.
Измешајте ги сувите состојки, а потоа додадете ги и останатите. Миксер не ви треба. Можите да мешате со лажица или жица. Откако се добро сте измешале на крај додајте ја жешката вода и повторно убаво измешајте.
Полнете ги предходно намастените калапи со форма на јајце (секако дека можи и обични мафини или пак во вид на куглоф, кекс..) и печете на 180С околу 20на мин (проверете со допир дали се готови)
Изладени, извадете ги од калапите и украсете ги со стопено бело чоколадо.
Доколку немате оризово млеко, слободно можи да го замените со обично.
Екстрактот од ванила можите да го прескочите доколку користите пак оризово, какво што е наведено бидејќи во себе си содржи ванила арома. Во тој случај можи да додадете ванилин шеќер. Кислеото млеко можи да се замени со цврст јогурт (што по мене се едно те исто)
Лиценца: Сите права се задржани
Моментално калапчето го имам само полно со смесата сликано и од тоа ќе ви покажам сликано на брзака да го видите, а покасно и празно ќе го сликам и ќе поставам слика :)