Чоколадни срциња со маскарпоне
Секој пат кога подготвувам вакви колачиња се трудам вкусот да биде различен, па сама си ги измислувам состојките за полнењето, овие колачиња што се почесто ги правиме во силиконски калапчиња, се најидеални да си поиграме со состојките, барем јас тоа го правам при секое нивно приготвување. Овој пат се одлучив за овие едноставни состојки.
Најпрвин млечната чоколада стопете ја на пареа и со неа премачкајте ги калапчињата. Ставете ги во фрижидер да се стегне чоколадата, а во меѓувреме направете го филот, така што во сад ставете го маскарпонето и со лажица промешајте го, додајте го растопеното бело чоколадо и мелените бисквити и убаво измешајте.
Извадете го калапот од фрижидер. Во секоја вдлабнатина до пола ставете од филот, ставете парче јаготка од слаткото и пак малку од филот. Оставете го калапот во фрижидер за да се стегне смесата. Потоа извадете го и секое колаче затворете го со растопено чоколадо.
Оставете го калапот во фрижидер 30 минути, а потоа може веднаш да ги послужите.
Јас користев мали калапчиња, затоа и количински може изгледат малку состојките, јас извадив 15 колачиња од ова смеса.
Лиценца: Сите права се задржани