Се растопуват путерот и чоколадото и се мешат да се изедначи смесата. Се матат јајцата (како за кајгана) со шеќерот, ванилата, пецивото, солта и се додава смесата со чоколадо. На крај се додава и брашното. Се меша додека не се добие хомогена смеса која нормално е да биде потечна и се остава 2 часа во фрижидер. Откако ќе се стегне се прават топчиња, се валат убаво во шеќер во прав и се редат на хартија за печење. Се печат на 180 степени 11 минути. НЕ СМЕАТ ДА СЕ ПЕЧАТ ПОВЕКЕ ОД 12 МИНУТИ!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови