25
сеп
2012
Чоколадни бомбончиња
Добив на поклон многу мали силиконски калапчиња, па пробав да направам нешто со нив и излегоа овие мали бомбончиња.
Постапката е иста како за пралините, со растопено чоколадо се премачкуваат калапчињата и се оставаат да стегнат. Постапката се повторува и се полнат со претходно сварениот и изладен пудинг измешан со маргаринот. Се затварат со чоколада и се оставаат да стегнат во фрижидер. Се вадат од калапчињата. Баш се погоди да имам едно мало гостинче па слатко си ги лапкаше...
Лиценца: Сите права се задржани