Чоколадна торта ,,Моја Фантазија,,
1. Во сад за матење скршете 3 јајца, изматете со миксер и додадете 6 лажици шеќер. Убаво изматете ја смесата.
2. Откако ке се добие убава смеса додадете 100мл. зејтин и 200мл. млеко. Продолжете да матите и додадете 6 лажици брашно, 2 лажици какао, 2 лажици мелени ореви и едно пакетче прашак за печиво. Сето тоа убаво измешајте и го истурете го во округло тавче, обложено со хартија за печење. Така спремно ставете го да се пече во претходно загреана рерна на 200°, 20минути. Ова го повторувам 5 пати за 5 кори. Вие доколку имате подлабоко тавче можете и на два пати.
Првиот фил:
1. Во сад на оган ставeте вода, шеќер, чоколадо и какао. Тоа сето да се растопи и соедини. Откако ке почне да врие, постепено мешајте 10-15 минути да се добие густа смеса. Оставете да се излади.
2. Во сад за матење ставете 125мл. млеко и прашок за шлаг крем. Откако ќе го изматите убаво кремот додадете го изладениот чоколаден крем и матете да се соедини.
Втор фил:
1. Прво измелете бисквити и орео колачи.
2. Во сад за матење, изматете пенесто, маргарин и прав шеќер. Потоа додадете ги мелените бисквити и орео колачите. Измешајте го сето ова убаво и на крај додадете го млекото.
Фил за премачкување на цела торта:
1. Во сад ставете маскарпоне и еуро крем и мешајте. Спремно е за премачкување на тортата.
Постапката оди: Кора-прв фил-кора-втор фил-кора-прв фил-кора-втор фил-кора и филот за премачкување на тортата и декорирање по желба.
Оваа торта ја правев по повод роденденот на мојот сопруг.
На здравје и добат апетит.
Лиценца: Сите права се задржани