Чоколадна торта ,,Моја Фантазија,,
Состојки
- Кора (за 5 кори)
- 15 Јајца
- 30лаж. Брашно
- 30лаж. Шеќер
- 1л. Млеко
- 500мл. Зејтин
- 10лаж. Мелени ореви
- 10лаж. Какао
- Прв Фил
- 100мл Вода
- 2 Чоколада за готвење
- 4лажици Какао
- 300 гр. Шеќер
- 125 гр. Млеко
- 1 пакетче Шлаг крем
- Втор Фил
- 125 гр. Маргарин
- 200 гр. Бисквити
- 100 гр. Орео колачи
- 200 мл. Млеко
- 200 гр. Шеќер во прав
- Фил за премачкување на цела торта
- 200 гр. Маскарпоне
- 4лажици Еурокрем црн
- Декорација Мали чоколадна, бурек, чоколадото филипс, и сирачиња полнети
Подготовка
1. Во сад за матење скршете 3 јајца, изматете со миксер и додадете 6 лажици шеќер. Убаво изматете ја смесата.
2. Откако ке се добие убава смеса додадете 100мл. зејтин и 200мл. млеко. Продолжете да матите и додадете 6 лажици брашно, 2 лажици какао, 2 лажици мелени ореви и едно пакетче прашак за печиво. Сето тоа убаво измешајте и го истурете го во округло тавче, обложено со хартија за печење. Така спремно ставете го да се пече во претходно загреана рерна на 200°, 20минути. Ова го повторувам 5 пати за 5 кори. Вие доколку имате подлабоко тавче можете и на два пати.
Првиот фил:
1. Во сад на оган ставeте вода, шеќер, чоколадо и какао. Тоа сето да се растопи и соедини. Откако ке почне да врие, постепено мешајте 10-15 минути да се добие густа смеса. Оставете да се излади.
2. Во сад за матење ставете 125мл. млеко и прашок за шлаг крем. Откако ќе го изматите убаво кремот додадете го изладениот чоколаден крем и матете да се соедини.
Втор фил:
1. Прво измелете бисквити и орео колачи.
2. Во сад за матење, изматете пенесто, маргарин и прав шеќер. Потоа додадете ги мелените бисквити и орео колачите. Измешајте го сето ова убаво и на крај додадете го млекото.
Фил за премачкување на цела торта:
1. Во сад ставете маскарпоне и еуро крем и мешајте. Спремно е за премачкување на тортата.
Постапката оди: Кора-прв фил-кора-втор фил-кора-прв фил-кора-втор фил-кора и филот за премачкување на тортата и декорирање по желба.
Оваа торта ја правев по повод роденденот на мојот сопруг.
На здравје и добат апетит.