Превкусна домашна чоколадна алва.
Прво во тава се ставаат шеќерот, ванилата, млекото, маслото и путерот. На тивок оган со постојано мешање се растопуваат. Се додава чоколадото искршено на коцки и повторно се меша додека се изедначи. Кога ќе почне да врие се додава густинот и постојано се меша неколку минути додека да згусне. Се додава брашното на два пати и постојано се меша околу десет минути, односно додека алвата не е готова.
Готовата алва се вади од оган и се додаваат оревите и лешниците.
Се формира по желба.
На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови