Чоколаден љубовен колач...

Подготовка
1. Сите состојки за колачот измерете ги. Влажните соединете ги во еден сад.
2. Сувите состојки т.е. брашното, какаото, содата бикарбона и пецивото соединете ги и кога ќе ги додавате кон течните просејте ги низ сито, така ќе нема грутчиња низ колачот.
3. Потоа со миксер изматете ја смесата.
4. Во тава во форма на срце распоредете ги сечканите ореви. Врз нив распоредете ја смесата. Ставете да се пече на 180 степени околу 30 минути. Оставете да се лади.
5. Слатката павлака ставете ја на ниска температура додека да започне да врие. Тргнете го на страна тенџерето.
6. Во неа додадете го белото чоколадо и мешајте до растопување.
7. Додадете ги изронетите наполитанки. Соединете и филот распоредете го врз колачот.

Забелешка
Кога ќе ги растопите чоколадото во слатката павлака, внимавајте со количината на додавање на наполитанките, затоа што тие ќе го згуснат филот.
Бисквитното тесто за колачов е посно и може да го печете во какво имате/сакате тавче. Јас правев дупла доза од овој рецепт и дел од неа ја подготвував во Делимано ростер тавата.
Е сега ако немате тавче во форма на срце, а имате калапче, веднаш штом го ставите филот сечете со калапчето форми. Послужете со прелив и изронети вафли..

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани