Чоколаден колач со банани
Приклучете ја релната на 180 степени.
Во тенџерче, на не многу јака температура, ставете го шеќерот и путерот за карамелот и мешајќи, варете го неколку минути.
Подлабока тава или тенџере, од 24 цм. намачкајте ја со масло и набрашнете ја.
Турете го карамелот и ставете ги бананите исечени на парчиња од приближно 3 цм.
За тестото, избијте го путерот се шеќерот, додајте ги јајцата едно по едно, избијте го убаво, па додавајте малку по малку де млеко, па од измешаното брашно со какаото, содата и солта.
Смесата прелијте ја преку бананите и ставете го да се пече отприлика 40 мин. Проверете со чепкалка дали е печено. Кога ќе биде готово, оставете го да се подолади 5 мин. па превртете го на некоја убава чинија.
Колачот е многу декоративен, сочен и миризлив. Карамелот му дава посебно интересен вкус. Можете да го послужите и со шлаг, ама не одозгора или пак со топка сладолед до него.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
A jajcata ko da "zabegale" od sostojkite...
Доколку имаш подобри фотографии прати ни ги во порака на Фејсбук или на мејл и ние ќе ги смениме.
И кажи ни колку јајца треба да додадеме во рецептот.
Поздрав :)
Edniot, podobriot aparat mi "crkna" :(((( a so ovoj drugiot, stariot, maka macam... aj ke probam od toa sto ostana da slikam pak, ako izlezi nesto podobro ke vi ispratam...