Испечати

Чоколаден колач со банани

Чоколаден колач со банани

Состојки

  • 3 банани
  • Карамел
  • 100 гр путер
  • 100 гр темен мусковадо шеќер
  • За тестото
  • 100 гр брашно
  • 6 лажички какао
  • 3/4 лажиче сода бикарбона
  • 1/4 лажиче сол
  • 100 гр путер
  • 100 гр шеќер
  • 150 мл` млеко
  • 2 пакетчиња ванилин шеќер
  • 2 јајца

Подготовка

Приклучете ја релната на 180 степени.
Во тенџерче, на не многу јака температура, ставете го шеќерот и путерот за карамелот и мешајќи, варете го неколку минути.
Подлабока тава или тенџере, од 24 цм. намачкајте ја со масло и набрашнете ја.
Турете го карамелот и ставете ги бананите исечени на парчиња од приближно 3 цм.

За тестото, избијте го путерот се шеќерот, додајте ги јајцата едно по едно, избијте го убаво, па додавајте малку по малку де млеко, па од измешаното брашно со какаото, содата и солта.
Смесата прелијте ја преку бананите и ставете го да се пече отприлика 40 мин. Проверете со чепкалка дали е печено. Кога ќе биде готово, оставете го да се подолади 5 мин. па превртете го на некоја убава чинија.
Колачот е многу декоративен, сочен и миризлив. Карамелот му дава посебно интересен вкус. Можете да го послужите и со шлаг, ама не одозгора или пак со топка сладолед до него.