Чоко цимет стапчиња
Покрај Хит Крешентите на Зринка - Зоило, и овие циметови вкусотии не се ништо полоши, одлични, не знам ни јас самата колку пати сум ги првела, кога и да ми остане малку павлака овде ја искористувам, наменето особено за чокољупците
1. Павлаката загрејте ја до вриење, тргнете настрана и додадете ја исецканата чоколада, маргаринот и циметот. Измешајте и оставете ја да олади околу 1 час.
2. Со миксер пенесто измешајте ја добиената веќе оладена смеса, ставете во врекичката од шприцот или во обичен шприц, на хартија за печење истискувајте форми на стапчиња во дебелина колку малиот прст и должина од 5-6 см. Оставете ги најдобро да престојат така преку ноќ.
3. Истопете ја чоколадата со зејтинот, секое стапче потопувајте го во глазурата и веднаш валкајте во мелените ореви, бадеми или лешници.
Толку, останува да им се сладите!
Забелешка
Јас немав доволно за валкање ништо од гореспоменато денеска, па затоа кога се олади смесата ги правев во топчиња, глазирав... може и така.
Не е малку од смесата, правете и половина доза - доволно ќе е!
Лиценца: Сите права се задржани
слики утре, ако не се СТАПОСАМЕ јадејки :) :) :) :)
имам едно аматерско прашање:
како ли, по ѓаволите и шумските ѕверови, ви успева да ги чоколадирате?
пробав со прелевање, тапа, не иде. пробав да ги брцнам во растопено оладено чоколадо и така некако грди беа....и на крај вакви ги оставив, неугледни,ама исчезнаа и тие док се окренеш :) :) :) :)
кога го брцнав едното вакво во чоколадо, почна да се растопува. дамла ме намава. а убаво пазев чоколадото да е млако....шта речи, ќе се вадам на битолска убавина и долги коси краток ум :) :) :) :)
ама толку горда што на сите билборди во виница ќе пишува ЛУДО ЈАС ТЕ САКАМ :) :) :) :)
ја тормозев една клара за тоа како да прамчкувам калапи за пралини. ми рече штом неа и успеало, нема шанси мене да не ми успее. ја тормозев клара, дека само таа и јас сме фушери на трпезава и сме довлоно мрзливи да забушаваме :) :) :) :)
голем мерак имав за пралини, не знав кои и кога да ги спремам, ама важно калапчиња за нив купив. таман се погоди роденденот на другарка ми ѝ и ги спремив неа, а филот (чоко циметот) го обожава маж ѝ.
вуала мадмазел. чоко цимет пралини. нахраниле туѓо око, мев и душа дека со многу љубов се спремани и ич не се тешки ;)
Леле - за прв пт немам што повеке да кажам, јас сум фрапирана од убавината која се гледа и на слика и целата убава приказна што таа ја раскажува.... ај само уште еднаш ке ти кажам ТЕ САКАМ,
Сите колешки ги викнав и направивме округла маса,... да видат твојата творевина, од сите нив имаш голем поздрав и гооооолем аплауз....
Мој наклон Лудвиже ,