Испечати

Чоко цимет стапчиња

Чоко цимет стапчиња

Состојки

  • 125 мл. слатка павлака
  • 100 гр. чоколадо за готвење
  • 100 гр. млечна чоколада
  • 25 гр. маргарин
  • 1 лажица цимет
  • За глазура
  • 150 гр. чоколадо за готвење
  • 3 лажици зејтин
  • 100 гр. мелени лешници, ореви или бадеми

Подготовка

Покрај Хит Крешентите на Зринка - Зоило, и овие циметови вкусотии не се ништо полоши, одлични, не знам ни јас самата колку пати сум ги првела, кога и да ми остане малку павлака овде ја искористувам, наменето особено за чокољупците

1. Павлаката загрејте ја до вриење, тргнете настрана и додадете ја исецканата чоколада, маргаринот и циметот. Измешајте и оставете ја да олади околу 1 час.
2. Со миксер пенесто измешајте ја добиената веќе оладена смеса, ставете во врекичката од шприцот или во обичен шприц, на хартија за печење истискувајте форми на стапчиња во дебелина колку малиот прст и должина од 5-6 см. Оставете ги најдобро да престојат така преку ноќ.
3. Истопете ја чоколадата со зејтинот, секое стапче потопувајте го во глазурата и веднаш валкајте во мелените ореви, бадеми или лешници.
Толку, останува да им се сладите!

Забелешка
Јас немав доволно за валкање ништо од гореспоменато денеска, па затоа кога се олади смесата ги правев во топчиња, глазирав... може и така.
Не е малку од смесата, правете и половина доза - доволно ќе е!