11
јан
2021
Чоко-нутела тартуфи
Колачи кои се топат во устата.
Пробајте ги.
1. Во мал сад на многу тивок оган ја загреваме слатката павлака. Кога е до точка на вриење ја тргаме од оган, го додаваме сецканото чоколадо и нутелата. Убаво промешуваме за да се изедначат состојките.
Додаваме крупно сецкани лешници. Промешуваме. Смесата ја оставаме во фрижидер 2- 3 часа.
2. Со помош на 2 лажички земеме од сместа, ја ставаме во просеано какао, и формираме тартуф.
Ги редиме на чинија и ги чуваме во фрижидер до конзумирање.
Лиценца: Сите права се задржани