7
мај
2012
Чоко мафини
Ги матиме јајцата и шеќерот со миксер, потоа го додаваме маслото и газираната вода и продолжуваме да матиме со миксер. Брашното го мешаме во посебен сад со пецивото и какаото и го додаваме во смесата со јајцата и продолжуваме да мешаме со лажица и на крајот во смесата го рендаме чоколадото.
Мафините ги печеме во хартиени корпички за слатки, кои претходно треба добро да ги намрсиме, ги печеме 15-тина мин на 200 степени во претходно загреана рерна.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови