Чизкејк со мандарини
Подготовка
1. Измешајте ги сите состојки за основата во подлабок сад. Потоа натапкајте ја смесата во калап за чизкејк (23цм). Основата е доста мека. Доколку сакате крцкава основа, ставете помала количина на сок и печете 15 минути на 180 степени.
2. Желатинот (10г) оставете го неколку минути во водата да набабри. Потоа загрејте го на рингла или во микро додека да се растопи. Оставете го да се олади малку.
3. Маскарпонето изматете го со шеќерот и ванилата. Потоа додајте ја слатката павлака и изматете. На крај додајте го и оладениот желатин и измешајте добро со лажица.
4. Мандарините излупете ги. Две од нив поделете ги на парчиња и наредете ги врз основата. Останатите две исецкајте ги и додајте ги во филот. Потоа додајте го филот во калапот и израмнете.
5. Останатиот желатин (5г) ставете го неколку минути во водата да набабри. Сокот од мандарини ставете го на оган со шеќерот да се загрее до пред зовривање. Тргнете од оган, додајте го набабрениот желатин и измешајте додека да се растопи. Оставете го преливот да се олади околу 30 минути. Потоа додајте го врз филот. Оставете ја тортата во фрижидер преку ноќ. Декорирајте по желба.
Многу вкусен, кремаст и освежителен десерт. На здравје!
Лиценца: Сите права се задржани