Чизкејк со малини (веган)
1. Основа - Оревите, урмите, кокосовото масло и прстофат сол ги обработуваме во процесор. Смесата ја натапкуваме во долгнавест калап обложен со хартија за печење (20х10цм). Ставаме во замрзнувач.
2. Фил - Омекнатите индиски ореви (отстојани во вода преку ноќ) заедно со кокосовото млеко, 80мл јаворов сируп, сок од 1 лимон и прстофат сол ги ставаме во блендер и обработувме додека да добиеме сосема мазна смеса без грутчиња. По желба може да се додаде и малку ванила арома. Ја истураме добиената смеса врз подготвената основа и враќаме во замрзнувач најмалку 2 часа.
3. Фил со малини - Малините (речиси целосно одмрзнати) ги додаваме во блендер заедно со јаворов сируп, пола лажичка сок од лимон и 2 лажици чиа семе. Обработуваме додека да добиеме изедначена мазна смеса. Ја додаваме смесата во калапот и замрзнуваме преку ноќ.
Пред послужување се остава на собна темература околу 20 минути, па се вади од калапот со помош на хартијата за печење. Се сечат парчиња и се оставаат уште дополнителни 15-20 минути да омекнат пред јадење.
*користев чаша од 250мл
*кокосовото млеко треба да е отстојано во фрижидер најмалку една ноќ пред употреба
На здравје!
Лиценца: Сите права се задржани
имаш прекрасни рецепти и би ти посочила состојките да ги пишуваш со титлови за подобро да се разбираат. вака ги внесуваш сите како титловани и малку хаотично е за да се распоредат. на овој начин како што ги внесуваш сега пишувај наслов на делот од рецептот, како на пример; За тесто, За фил и т.н., а потоа состојките внесувај ги без да кликаш „група“ .
Сето ова најдобронамерно и се надевам дека така ќе ме сфатиш. Иако, после толку време очекував дека уредништвото ќе изреагира, за на крај еве, јас да се дрзнам :)
Inaku i ovoj recept kako i site dosega top:)