Испечати

Чизкејк со малини (веган)

Чизкејк со малини (веган)

Состојки

  • 1 чаша ореви
  • 3-4 урми без семка
  • пола лажичка кокосово масло
  • прстофат сол
  • 1+ 1/2 чаша индиски ореви (омекнати во вода)
  • пола чаша коскосово млеко (цврстиот дел)
  • 80мл јаворов сируп
  • сок од 1 лимон
  • прстофат сол
  • 400г смрзнати малини
  • пола лажичка сок од лимон
  • 4-5 лажици јаворов сируп (зависно колку се кисели малините може и поголема количина)
  • 2 лажици чиа семе

Подготовка

1. Основа - Оревите, урмите, кокосовото масло и прстофат сол ги обработуваме во процесор. Смесата ја натапкуваме во долгнавест калап обложен со хартија за печење (20х10цм). Ставаме во замрзнувач.
2. Фил - Омекнатите индиски ореви (отстојани во вода преку ноќ) заедно со кокосовото млеко, 80мл јаворов сируп, сок од 1 лимон и прстофат сол ги ставаме во блендер и обработувме додека да добиеме сосема мазна смеса без грутчиња. По желба може да се додаде и малку ванила арома. Ја истураме добиената смеса врз подготвената основа и враќаме во замрзнувач најмалку 2 часа.
3. Фил со малини - Малините (речиси целосно одмрзнати) ги додаваме во блендер заедно со јаворов сируп, пола лажичка сок од лимон и 2 лажици чиа семе. Обработуваме додека да добиеме изедначена мазна смеса. Ја додаваме смесата во калапот и замрзнуваме преку ноќ.
Пред послужување се остава на собна темература околу 20 минути, па се вади од калапот со помош на хартијата за печење. Се сечат парчиња и се оставаат уште дополнителни 15-20 минути да омекнат пред јадење.
*користев чаша од 250мл
*кокосовото млеко треба да е отстојано во фрижидер најмалку една ноќ пред употреба
На здравје!