Чизкејк со малини
Сум пробала многу варијанти на чизкејк и оваа ми е најдобра. Можеби ќе ви изгледа дека има многу постапки, но на крајот ќе уживате во подготвеното.
1. На тивок оган го ставаме шеќерот, путерот и млекото. Во подлабок сад ги мешаме бисквитите, оревите и ренданото бело чоколадо. Кога шеќерот се растопи во смесата со путерот ги тргаме од оган и така со така топлата смеса ги полеваме бисквитите. Месиме до хомогена смеса. Потоа истата ја распоредуваме во калап по желба.
2. Во подлабок сад ги матиме маскарпонето и шеќерот, се додека шеќерот не се растопи. Во друг сад ја матиме слатката павлака до цврст снег, а потоа ги соединуваме двете смеси. И оваа смеса ја распоредуваме во калапот и го ставаме во фрижидер да се стегне.
3. Во тенџере на оган ги ставаме малините, шеќерот, ванилиниот шеќер и водата и вариме со повремено мешање додека шеќерот не се растопи и целата смеса не почне да врие. Ги тргаме од оган и во нив ги додаваме желатинот и екстрактот од рум. Чекаме да оладат до собна температура, но не и да се зацврстат.
4. Чизкејкот го полеваме со глазурата и го враќаме во фрижирдер барем на 1 час за да се стегне.
Уживајте!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
супер личи твојот и рецепт и фотка :)