Вкусниот кремав слој од јагодите придонесува за вкусот да биде навистина посебен.
За бисквитниот дел потребно ви е мелени бисквити, путер, ванилин шеќер и 3 лажици шеќер и сето тоа заедно се меша да се соедини убаво. Смесата се става рамномерно во калап за торти и се остава да стегне во фрижидер.
Сирењето убаво се мие и заедно со прав шеќер и киселата павлака се мати со миксер да се соедини убаво. Се додава екстракт од ванила и ќесичките шлаг крем со 300мл млеко. Сето тоа се мати со миксер да се соедини. На страна во сад на оган се става 300мл млеко со ќесичките пудинг од јагоди. Одкако ќе се свари се додава во предходната смеса и убаво се меша. Смесата се става врз бисквитниот дел и одкако малку ќе излади се става растопено чоколадо. Се остава најчесто преку ноќ да се стегне убаво.
Добар апетит

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани