11
фев
2014
Црно-бели топчиња
Преубави, фантастични, лесни, брзи, вкусни и декоративни.
Најпрво се топи чоколадата со маргаринот. Потоа се додаваат изматените јајца со шеќерот и ванилата и се додава после брашното, солта и пецивото.
Се се меша заедно и се остава во ладилник да се стегне смесата едно 3 часа (јас ги оставам цела ноќ)
Потоа се зема со едно мало лајче се вади од смесата и се обликуваат во топче колку бомбица и се увалкува обилно во шеќер во прав. Се ставаат во плех со хартија и се печат во загреана рерна 12мин на 180С.
Наздравје!
Лиценца: Сите права се задржани