Во еден длабок сад ставете го брашното, солта, путерот исечкан на листови, шеќерот и јајцето и замесете тесто.
Тестото поделете го на две еднакви половини. Во едната додадете половина лажица кисело млеко (или густ јогурт), замесете и додадете сосема малку брашно колку тестото да не се лепи.
Во другата половина од тестото додадете ја останатата една лажица кисело млеко (или густ јогурт) и ставете го и какаото во прав па замесете го тестото. Ако има потреба додадете сосема малку брашно за да не лепи.
Белото тесто поделете го на два дела и од секој дел оформете прачка со должина од околу 20 см. Истото направете го и со црното тесто.
Земајте по една бела и црна прачка и замотајте ги како јаже, завиткајте во стерч фолија и со рацете формирајте овална или четвртаста форма. Ставете во фрижидер да се стврдне тестото околу 30-40 мин.
Рерната загрејте ја на 180 степени.
Во два плеха ставете хартија за печење.
Од оформеното тесто со остар нож сечете парчиња со дебелина од околу 1 см. и редете ги во плеховите. Печете ги 8-10 мин.
Оставете убаво да се оладат па одозгора посипете ги со шеќер во прав, или по желба можете долната страна од колачињата да ја потопите во стопено чоколадо па откако ќе се стегне чоколадото да ги послужите.

Колачињата се мали - едно колаче, едно залче. Меки се и многу вкусни. Јас не чекав скроз да се оладат, уште топли ги посипав со шеќер во прав на барање на конзументите бидејќи беа нестрливи ))......ги снема веднаш и се побара репете ))).

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани