Цигански кох
Едно благичко кое мајка ми често го правеше кога бев мала. Можеби затоа ми е омилен кох! Не знам од каде потекнува, се размислував и дали е во ред името, но на крајот заклучив дека волку вкусен колач не би навредил никого, а сепак тоа му е името, а нели ние, не сме за промена на името...
Најнапред се матат јајцата и шеќерот, а потоа се додаваат маслото, млекото, брашното, пецивото и какаото. Тестото се истура во округло тавче и се пече на 180 степени.
Оладениот колач се полева со млако млеко во кое се растворени 12 лажици шеќер. Од кога убаво ќе се впие и олади, се мачка со џем (овојпат користев џем од џанки). На крај се става изматената слатка павлака или шлаг.
Уживајте!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Se nadevam deka biberce ce potvrdi ili koregira:)
Pozdravce BellaCaramella;)