Пандишпан
Скршете ги јајцата во сад за матење и матете со миксер и постепено додавајте го шеќерот. Откако ќе добиете хомогена смеса додајте го млекото, маслото, какаото и повторно матете. Потоа додајте го пецивото и мелените ореви. На крај додавајте брашно додека да добиете дебела смеса за пандишпан. Смесата распоредете ја во 38-40 тепсија печете на температура од 250С.

Фил
Во тенџере на оган ставете го шеќерот, водата и ванилата да зовријат. Откако ќе зовријат тргнете ги на страна. Пандишпанот исечете го со чаша, треба да ви излезат околу 25-27 колачиња. Останатото тесто од пандишпанот ставете го во врелиот шербет и промешајте додека да добиете смеса. Смесата распоредете ја на сите колачиња подеднакво и на крај изматете го шлагот и украсете. Добар апетит....

чаша-150мл а филџанче-70мл

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани