Пиперки пржени со урда и јајца - едно прекрасно летно јадење, брзо за подготовка и многу вкусно. Овој пат во малку поинаков изглед и подруг начин на подготовка на состојките.

1. Најпрво ги печеме претходно измиените пиперки на 250 степени додека да омекнат, па ги завиткуваме во најлонско ќесе за да можеме да ги излупиме убаво.
2. Откако ќе ги излупиме и исчистиме од семето ги оставаме во цедилка да се исцедат убаво од течноста што ќе ја пуштат.
3. Потоа секоја пиперка ја делиме на 3-4 дела (во зависност од големината) на нив нанесуваме урда и ја виткаме како цвет.
4. Овој „цвет„ го ставаме во калап за мафини во книжна каписла, одозгора ставаме од јајцето (претходно зачинето по вкус) и ги ставаме да се печат на 200 степени околу 20-на минути.

Овие состојки се за 6 мафини од пиперки, во зависност од големината на калапот за мафини, состојките може да се зголемат или намалат.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови