Хиландарски грав (посно)
Рецепт кој го користеле монасите во Хиландара.
Рецептата е од Светогорскиот кувар.
Мислам дека ќе ви послужи на сите што постите.
Гравот исчистете го и измијте го.
Прекријте го со вода и нека се вари.
Ставете му ловор лист.
Додека се вари гравот, во тавче на страна на маслиново масло испржете го ситно сецканиот кромид илук.
Нека се издинста убаво, па додајте го исецканиот патлиџан, мелен пипер, а потоа сите зачини.
Варениот грав прелејте го со оваа запршка.
Убаво промешајте го и префрлете го во тавче да се запече во добро загреана рерна.
Печете додека не фати коричка на површината.
На здравје
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови