Фрико
Фрикото е јадење од компири и сирење Монтасио слично на кашкавал кое потекнува од кујната на Фриули Венеција Џулија и најчесто се служи со палента. Главна состојка е сирењето кое се прави во планинските места од градот Удине. Може да се додаде чадена сланина и други зачини но овој е основен начин за правење фрико.
За замена на сирењето може да се употреби и кашкавал.
Компирите излупете ги и исецкајте ги на многу мали коцки, ставете ги во поголема не леплива тава, додајте го кромидот, маслото, путерот малку сол, бибер и измешајте ги. Додајте ја водата и ставете ги да се варат покриени со капак околу 20- 30 мин. Откако водата ќе испари и компирите се сварат убаво измешајте ги и додајте го сирењето(кашкавалот) исецкан на коцки. Постојано мешајте да се стопи и да се изедначат.
За подобро да се запече од двете страни земете едно помало тавче со пречник 20 см и загрејте го. Ставете еден дел од смесата (јас е поделив на четири) и оставете ја да се запече и фати коричка (како на сликата) две-три мин и превртете ја како палачинка од другата стана или со помош на шпатула, исто да се запече.
Послужете го топло со сварена палента.
Лиценца: Сите права се задржани
Sega si mislam so sto da go spojam, oti domasnite na palenta ne se mnogu merak... Niv mozebi i so meso, nekoe vo sos ke im odi... Pa da go pravam :)
не знам какво е сирењето што го користиш, ама мене со таа количина на кашкавал ми беше поретко малку. следниот пат или помалку кашкавал или презла или брашно нешто :)
од кога се олади, беше покомпактно, ама штом го ставев на тавче одма се разлејуваше пак. не се секирај, супер вкусно беше, само кога се импровизира со заменски состојки, нормални се вакви работи. ќе го утерам у ред :) :) :) :)
му додадов и малку сусамче за шмек :)
Fala ti sto go proba i nazdravje da vi e, pa dr pat probaj so ponemarsen kaskaval :))
Tocno, toa e svarena palenta so sol i malku puter, isturena vo plehce i izramneta. Se ostava da oladi, se sece na kvadrati i se potpekuva na toster:))