Фрегола во сос од спанаќ
Фрегола е тестенина која потекнува од Сарденија. Има многу начини за подготовка, но јас овојпат ја спремив по мој вкус.
Подготовка
1. Во зовриена вода ставете малку крупна сол и додајте ја фреголата. Варете ја според времето кое е наведено на пакувањето. Во мојот случај 12 минути.
2. Во тава на тивок оган ставете го спанаќот и со промешување оставете да испари водата што ќе ја пушти. Префрлето го во висока чаша за блендирање. Додајте ги семките од тиква, лукот и малку сол.
По потреба ставете и од водата во која се вари тестенината. Изблендирајте со рачен блендер. Сосот нека биде со средна густина.
3. Во тава на оган ставете го путерот да се растопи. Додајте ја сварената и исцедена фрегола. Потоа додајте го сосот од спанаќ и измешајте. Додајте го пармезанот, промешајте и послужете.
Лиценца: Сите права се задржани
Супер сос, ова кај нас можи да се направи со ситните макарончиња :-)