Француски колач со јаболка
Налетав на колачов случајно на интернет, по оригинален француски рецепт. Не само што не зажалив што го пробав, туку верувам и дека уште многу пати ќе го правам. Превкусен, сочен колач со јаболка од кој цела куќа ќе ви замириса. Кој проба – не зажали! Неописливо убав и миризлив е и додека е уште топол, но и следните два-три дена и тоа чуван и послужен на собна температура.
Подготовката е прилично брза и едноставна:
1. Најпрво во еден сад помешајте ги брашното, прашокот за пециво и солта. Нема потреба да се пресејува туку само со рачна маталка добро да се измеша. Оставете го на страна.
2. Исецкајте ги јаболките на крупни коцки и оставете ги на страна (се разбира најпрво излупете ги и отстранете им ги семките).
3. Во друг сад, со миксер изматете го убаво путерот со шеќерот. Додадете ги јајцата едно по едно (матејќи убаво помеѓу секое додавање). Додајте го румот и ванилата и изматете. Потоа додадете ги сувите состојки кои претходно ги помешавте и изматете со миксерот само колку да се изедначи смесата.
Додајте ги јаболките и убаво измешајте со шпатула.
4. Доколку имате тавче кое не лепи може само малку да го намастите, но доколку немате тогаш намастете, ставете хартија за печење и повторно намастете. Во така приготвениот плех истурете ја смесата, па одозгора наросете шеќер во зрнца (околу 2-3 лажици).
5. Печете во загреана рерна на 180 степени, околу 40 минути односно додека одозгора не добиете златно-жолтеникава коричка која е мека, но крцкава. Проверете со чепкалка дали е убаво печено внатре. Во оригиналната форма се служи со шеќер во прав, сладолед од ванила или малку шлаг. За мене комбинацијата јаболко и цимет е вечна, превкусна класика, па и овде употребив само малку шеќер во прав и одозгора наросив малку цимет.
*Забелешка - Во состојките ви ги дадов мерките за една доза како што си е кажано во оригиналниот рецепт. Јас правев двојна доза во Делимано четириаголната тава и добив убав висок колач.
На здравје и уживајте!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови