1. Желатинот се потопува со водата.
2. На оган се ставаат маргаринот и медот да фатат клуч. Се трга од оган и одма се додава потопениот желатин, се промешува да се стопи.
3. Оваа смеса се тура во шеќерот и се меси фонданот. При месењето откако ќе го префрлите на работна маса посипувајте ја со густин за да не се лепи.
4. По потреба се додава шеќер (или густин).
5. Се чува во најлонска фолија и подобро е да отстои.

Кога ќе го замесите фонданот дури и со 600 гр. шеќер смесата ќе биде леплива и мека. Оставете ја кратко во фрижидер и ќе видите дека се стврднува (само да не претерате, проверувајте ја до саканата цврстина). Откако ќе се зацврсти размесете ја и ако има потеба додајте густин или шеќер во прав.
Со оваа количина се покрива торта со обем 26.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови