Фокача во тава
Во сад измешајте ги брашното, пецивото и солта.
Додајте го маслото.
Млекото и водата измешајте ги и стоплете ги.
Мешавината од вода и млеко додавајте ја во садот со брашно и месете додека добиете меко нелепливо тесто.
Поделете го тестото на 2 дела.
Првиот дел расукајте го во кора и ставете ја во тавата за пржење.
Одозгора наредете пица шунка и парчиња кашкавал.
Поклопете до другиот дел од тестото исто така расукано во кора.
Формирајте витки кои треба да бидат убаво затворени.
Ставете ја тавата на најтивок оган и на суво(без масло) пржете ја од двете страни додека убаво зарумени.
Готовата фокача покријте ја со кујнска крпа да подомекне.
Послужете со кисело млеко, јогурт, кефир,...
Лиценца: Сите права се задржани